Вистинско музичко уживање со џез, соул и фанк на зајдисонце природи синоќа со Владимир Четкар Секстет на прекрасната плажа – ресторан Бонанца на брегот на Охридското Езеро. Публиката уживаше во волшебната атмосфера на искрената емоција и енергичните тонови од гитарата на големиот македонски музички амбасадор Владимир Четкар.

Магична и елегантна атмосфера, прекрасна публика која цела вечер не престана да игра за на крај да запее заедно со бендот. Езерските далги кои за време на првиот сет беа силни и гласни направија уникатна атмосфера, го засилија ритамот и како да станаа седмиот член на бендот за на крај да се смират и создади тивка и романтична атмосфера, ги пренесе своите импресии Четкар.

По овој концерт Четкар го очекуваат настапи во САД, на најсилната џез и фанк сцена на светот, по кои се враќа во Охрид.

Фото галерија: Магична музичка вечер со Владимир Четкар на зајдисонце

OhridNews