Спортските натпревари со и без публика не се исти. Дерби средбите уште помалку. Ова на најдобар можен начин го покажа Езерското ракометно дерби кое вечерва се одигра во спортската сала „Билјанини извори“. Охрид славаше со убедливи 29:18, додека на трибините се водеше вистински натпревар помеѓу навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“. Бенгалски огнови и кортеа надвор од салата, кореографии, неброени знамиња, многу песна и неодмининливата вербална пресметка на навивачки начин. Во таква атмосфера многу подобро се снајдоа домашните играчи кои ја оправдаа фаворитската улога и заслужено стигнаа до убедлив триумф кој го прославија со своите навивачи.
Магијата на Езерското дерби е во енергијата на публиката и навивачите
OhridNews
Фото: А. Mомироска