На поларна температура од -6 степени Целзиусови, снежниот Охрид денеска изгледа како некоја зимска дестинација.

Северниот ветар, пак, значително го зголемува чувството на студ. Дури и популарниот лебед Џорџ денеска не се реши да заплива во Езерото.

Сепак студеното време не им пречеше на охриѓани да излезат од топлите домови. Најмладите уживаа во снежната игра, а повозразните во прошетка на свеж воздух и ледената убавина.

Според најавите на метеоролозите студеното време ќе се задржи и во наредните денови, кога температурите главно ќе бидат под нулата. Благо затоплување, се очекува од четврток.

OhridNews
Фото: Горан Момироски