Со концерт што се одржува во овие моменти Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во прекрасна, претпазнична атмосфера, познатиот охридски бенд „Камелеон“ го одбележува јубилејот 20 години на сцена.

Специјално за концертот, песните кои групата ги продуцираше во изминатите две децении добија нови аранжмани, кои звучат модерно и одлично. Настанот го збогатија гостите: Горан Папаз, Ѓоко Танески, градскиот мешан хор Лихнидос, студентски квартет, познатиот виолинист Џевад Рамаданоски, Жармена и Димче Контрозоски, Никола Тони, како и пратечките вокали Ана Костадиновска и Сара Николовска, кои заедно со „Камелеон“ и публиката ги пееја популарните рефрени од “Свадба е голема”, “Небо мастило“,  Добро утро таго“,  Бате Дуле“…

Вечерашниот, инаку е прв концерт во долгата и богата музичка историја на „Камелеон“, а групата 2019 година ќе ја започне со нова песна.

За придонесот во развојот на музичката култура, пред два дена „Камелеон“  доби признаие за успешното и активно опстојување на сцената изминатите 20 години, што го додели најстариот интернет портал кај нас OhridNews на гала вечер во „Куба Либре“ на која беше промовирана Годишната ревија на настани и беа прогласени успешните приказни во и од Охрид во 2018 годиниа.

Фото галерија:

OhridNews
Фото: Анамарија Момироска