Еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид, со голема роденденска забава, што се одржа соноќа во барот „Кадмо“ во центарот на градот, одбележа 13 години постоење. На забавата присуствуваа голем број гости и пријатели на „Кадмо“ кои уживаа во музиката на бендот „The groove“.

Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година со отворање на барот „Кадмо“ во центарот на Охрид. Следеше отворањето на познатиот лаунџ бар, препознатлив по иновативната кујна и извонредните специјалитети, а потоа и на плажата „Кадмо“.

Среќен роденден „Кадмо“!

OhridNews
фото: А. Момироска