Од денеска во Охрид со работа веднаш под чаршијата започна „ИТ кафе“. Во новото урбано место кај скаличките до Т.Ц. Амам, ќе може да се ужива во најдоброто кафе, вкусна храна и пијалаци, уникатен амбиент и квалитетна услуга.
- Официјално денеска почнуваме со работа на една локација која е многу интересна за охриѓани и туристите. Со изненадувачки пристипни цени и квалитетна работа и услуга ќе се наметнеме и ќе бидеме прв избор за првото кафе и забавите во вечерните часови. Охрид е еден, а „ИТ кафе” е единствено! – изјавија од „ИТ Кафе“.
Капацитетот на „ИТ кафе“ е 200 седишта, а мебелот и опремата се од Италија што дополнително местото го прави уникатно и примамливо за охриѓани и туристите.
Фото галерија:
OhridNews