Ракометниот клуб Пролет направи голем исчекор кон пласман во топ 4 на табелата во плејофот од Супер лигата, победувајќи го Охрид со 22-21, во дерби средбата одиграна во „Тодор Александров“ во Велгошти. „Гладијаторите“ почнаа и одиграа мотивирано, но потфрлија во финишот кога се кршеше натпреварот. Недостатоците на Охрид, максимално ги искористи Пролет, кој со добар финиш и гол во последниот напад ги зграпчи бодовите во Велгошти.

Шансите за топ 4 на Охрид се сведени само на теорија, додека Пролет изби во пол позиција во однос на Бутел Скопје и Металург. Денеска ќе се комплетираат мечевите од 10-та рунда, а потоа преостануваат уште четири рунди во кои ќе се разрешат сите дилеми.

OhridNews
Фото: Мега Продукција