Во организација на Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“, во соработка со Триатлон Федерацијата на Македонија, денеска во Охрид се одржа прв натпревар во акватлон (пливање и трчање), кој воедно беше и Државно првенство.
Најдобро време на комбинираната патека од кампот „Кј Довоно“ до „Куба Либре“ оствари Игор Димовски од клубот Софка 15:15 минути, пред Евгениј Поп Ацев – Софка 15:19 и Кирил Дически – Триоџи 16:08. Кај сениорките најбрза беше Невена Попоска 26:08м., пред Марија Наумоска 30:31.
Во категоријата Мастерс, во машка конкуренција Миомир Алексовски пливаше и трчаше 17:11м., додека во женска конкуренција Елизабет Каител оствари време од 22:00м.
Натпреварувачите беа поделени во шест категории мастерс, сениори, јуниори, кадети, деца1 и деца2. Во категоријата деца1 влегуваат деца кои пливаа 75 метри, а трчаа 750 метри, додека во втората категорија децата пливаа 150 метри а трчаа1500 метри. Останатите плива 300 метри, а трчаа 3 километри.
Резултати од Државнот првенство во Акватлон – Охрид, 28.08.2022
Кадети женска конкуренција:
1. Росана Гошева 20:09м.
2. Миа Мачоска 21:14
3. Олса Орани 22:39
Кадети машка конкуренција
1. Андреј Лозановски 21:43м.
2. Владимир Каланоски 23:37
3. Димитар Кецески 23:45
Јуниори женска конкуренција:
1. Нина Анѓелоска 31:37м.
Јуниори машка конкуренција
1. Лео Џајкоски 20:19м.
2. Михаил Николоски 21:05
3. Борјан Стрезоски 22:32
Сениори женска категорија:
1. Невена Попоска 26:08м.
2. Марија Наумоска 30:31
Сениори машка конкуренција:
1. Игор Димовски – Софка 15:15м.
2. Евгениј Поп Ацев – Софка 15:19
3. Кирил Дически – Триоџи 16:08
Мастерс женска конкуренција
1. Елизабет Каител 22:00м.
2. Блерта Хани 23:36
3. Климентина Николоска 23:53
Мастерс машка конкуренција:
1. Миомир Алексовски 17:11м.
2. Томислав Боцески 18:53
3. Славчо Цветкоски 19:53
Деца женска категорија група 1:
1. Дијана Кукунешоска 10:46м.
2. Теодора Колческа 11:11
3. Варвара Атанасовска 12:26
Деца машка категорија група 1:
1. Симеон Јовановски Кецкаровски 10:07м.
2. Дамјан Бежаноски 10:19
3. Томи Тодоровски 11:23
Деца женска категорија група 2:
1. Софија Кутаноска 6:26м.
2. Стефанија Кутаноска 6:30
3. Срна Боцеска 6:45
Деца машка категорија група 2:
1. Јован Кутаноски 5:31м.
2. Хади Исмаилоски 5:48
3. Виктор Опетчевски 5:54
На првиот акватлон во Охрид учествуваа 130 натпреварувачи.
Акватлонот е под капата на Триатлон Асоцијацијата во светот и е дисциплина која е брзорастечк. Плановите се таа во иднина да биде дел од Пливачкиот фестивал на Охрид, што како концепт го најавија спортските работници од АК „Охрид трчаТ“.
Целта за првото издание беше да се вклучи малку повеќе и локалното население. Учесниците се сите од Македонија, а веќе од следната година настанот планираме да биде афирмиран и надвор од државата. Акватлонот ќе биде концепт приближно сличен на „Охрид Трчат“, во насока да се продолжи сезоната, да се понуди туристичко-рекреативен призвод кој што е прифатлив за пошироката популација и да се издигне Охрид уште повисоко во однос на тој професионален дел каде Акватлонот би бил дел од Европски и Светски куп, истакнаа од АК „Охрид трчаТ“.
Фото галерија:
Во Охрид се одржа првиот акватлон
Г. Момироски
Фото: А. Момироска