Изминатиот викенд во салата „Билјанини извори“ во Охрид се одигра завршниот Ф4 турнир за кадети во ракомет. Триумфираше екипата на Бутел, која во полуфиналето беше поуспоешна од Охрид, а во финалето го совлада Алкалоид. Домаќинот ГРК Охрид беше третопласиран, додека четвртото место го освоија кадетите на Пролет.

Учесниците демонстрираа силна волја и залагање, а турнирот што успешно го организираше ГРК Охрид мина во фер и спортска атмосфера, како што доликува на играчи чие време во домашниот ракомет допрва доаѓа.

Атмосферата од Ф4 турнирот за кадети во Охрид ја долови Ѓоле Наумоски од „Мега продукција“.

Иднината на македонскиот ракомет на мегдан во Охрид

Г.М.