Четвртиот Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, чиј организатор е градскиотхор „Вокс Лихнидос“, свечено беше отворен синоќа во катедралната црква „Св. Софија“.
Покрај домаќинот, настапија и членови на мешаниот хор КУД „Светозар Марковиќ“ од Нови Сад, хорот „Атендите“ при Културниот центар „Кикинда“ од Србија, детскиот машки хор од националната опера од Естонија, женскиот младински хор при МКЦ Скопје и детскиот хор „Св.Кирил и Методиј“ од Велес.ж
На фестивалот се промовираат различни јазици, култури и традиции. Премиерно беше изведена современа композиција со фолклорни елементи од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, влашка песна со детскиот мултиетнички хор, турска народна песна и стара андалузиска песна. Специјално за оваа прилика направен е хорски аранжман на композиција од Тоше Проески инструментално изведена од охридскиот саксофонист Горан Папаз.
Охрискиот градски хор постои 57 години, од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е предводен од диригентот Бурим Хидри.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ