Во пеколен ритам поминуваат почетните тренинзи на Градскиот кошаркарскиот клуб Охрид. Клубот предводен од млади тренери, ентузијасти и вљубеници во кошарката има јасни цели и планови. Охрид да црпи кошаркари од школите од градот, а целите и плановите се добар клуб, со стабилна финансиска структура и сите организациски работи кои го красат еден успешен клуб.
Прв тренер на екипата е Тони Стојаноски, додека негови асистенти се Антонио Савевски и Дејан Милошоски, кои ќе работат и во младинските категории.
Клубот кој ќе се натпреварува во Втората лига очекува прецизен датум од матичната куќа на кошарката и финални подготовки за стартот на новата сезона.
Атмосферата во охридскиот клуб е на завидно ниво.
OhridNews