Кошаркарите на Охрид запишаа нови два бодови на второлигашката табела, победувајќи во дуелот со Риниа со 86-62 (16-21, 25-10, 22-10, 23-21), во заостанатиот натпревар од 10-та рунда во Втората лига.
„Галебите“ до седмиот триумф во десеттиот натпревар стигнаа со маестрална игра во втората и третата четвртина, каде постигнаа 47 поени, а примија само 20. Претходно, гостите покажаа заби и после првите десет минути поведоа со 21-16. Во решавачките десет минути, охриѓани, рутински ја задржаа предноста и забележаа убедлив триумф 86-62.
Охридските кошаркари кои се третопласирани во следната рунда ќе ги одмерат силите со битолска Хераклеа. Составот од Битола е една од трите екипи кои успеаја да го совладаат Охрид во првиот дел од сезоната.
Мх.П.