Одамна стадионот „Билјанини извори“ во Охрид не бил исполнет како на дерби средбата од Втората фудбалска лига, што се одигра помеѓу Охрид и Вардар. Амбиентот потсети на дамнешните убави времиња кога едни други генерации ја привлекуваа како магнет охридската публика.
Некои нови ветришта дуваат во ГФК Охрид. Новата управа предводена од охридските легенди Данчо Целески и Гоце Толески, потпомогната од Градската управа, донесе нова енергија, која стратегот на „белите“ Пепи Џигероски извонредно ја пренесе на играчите.
Охрид не е истиот тим од најголемиот дел од првиот дел од сезоната. Не е ист ниту играчкиот состав, ниту пристапот на играчите. Го почувствуваа тоа и навивачите кои до максимум ја исполнија новата источна трибина. „Рибари“ против „Комити“. Првите креативни, распеани, пружија извонредна поддршка на ГФК Охрид.
Вторите малку повеќe, воинственoрасположени ја поминаа границата на коректно однесување, рушејќи ја оградата која ги делеше од неутралната публика, по што судирот со полицијата беше неминовен.
Фаворизираниот Охрид не само што издржа против Вардар, туку покажа и мускули, и, да, може да жали за 3те бода, оти домаќините имаа и храброст и цврстина и игра од која ги создадоа двете најубави шанси за гол. Но, за победа недостигаше завршен удар.
Без оглед на конечните 0:0, денеска победи фудбалот кој на голема врата се врати во Охрид.
Г.М.
Фото: А. Момироска
ФОТО ГАЛЕРИЈА:
Фудбалот се врати во Охрид