Најстарата Фудбалска школа во Охрид, „Еврофудбал“, денеска, ја продлабочи соработката со македонскиот фудбалски бренд, Пелистер, одигрувајќи контролни натпревари со четири генерации (2008, 2009, 2010 и 2011 година). Од охридската фудбалска школа најавија уште вакви дружења со спортски карактер со останатите големи имиња во македонскиот фудбал како Вардар, Академија Пандев, Работнички, Шкендија и други.
Резултатите никогаш не ги земаме во предвид. Се што сакаме е децата да се дружат, да научат да победуваат и губат, а пред сe` да се изградат во едни добри и коректни личности. Низ спортот се поминува еден важен филтер во животот, затоа сакаме што повеќе вакви настани за дечињата да станат побогати со искуство и посреќни поради новите другарчиња и победи, – изјавија од охридската фудбалска школа.
Посебно задоволство беше да се видат тренерите во двете екипи. Четирите генерации од охридската фудбалска школа ги водеа поранешните фудбалери на Охрид и репрезентативци, Александар Толески и Ацо Вељаноски, додека на клупата од Пелистер беа Драган Димитриоски и Дејан Белески.
„Еврофудбал“ се натпреварува во сите генерации од Детската фудбалска лига, а игра во Младинските лиги каде настапуваат пионери, кадети и младинци.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ