Со концерт што се одржa синоќа во предворјето на црквата Света Софија, подмладокот на анасамблот „Билјана“  одбележa 10 години од формирањето. На концертот по повод јубилејот заедно со членовите на ансамбл „Билјана“: Јован Поп Стефанија, Ангел Трајковски, Христијан Томевски и Христијан Чавкоски, настапија и саксофонистот Горан Папаз, Емилија Колоска и долгогодишната соработничка и вокал на Ансамблот за народи песни и игри „Танец“, Мартина Костова и бендот „Камелеон“.

Одличната атмосфрера на концертот не ја наруши ниту повремениот дожд, напротив, охриѓани заедно со ансамблот „Билјана“ и гостите, крајот го дочекаа на нозе, а се заигра и оро.

Концерот кој мина во духот на Охридска визита, членовите на ансамлот до посветија на прерано починатиот член Андерј Лаброски.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ

Подмладокот на „Билјана“ десет години успешно ја негува Охридската староградска песна и традиција