Вчера вечер, на игралиштето „Стобекс“, се одржа четвртиот „Час на љубовта и другарството“ на кој децата од околните населби освен да се социјализираат и забавуваат, имаа можност да се запознаат и со некои интересни историски факти, кои ги презентираше организаторот, јутубер и „Даскал“, Вик Какаротски.
Социјализацијата е еден од најважните фактори за здрава и просперитетна младина што се докажува на овие offline часови. Децата сакаат игра смеа анимирање а најмногу да се дружат со врсници. Покрај тоа, на овој час имавме и погодување на историски личности значајни за Охрид и Македонија. – изјави за OhridNews организаторот на настанот, Вик Какаротски.
Вик вели дека овој едукативен настан е доказ дека и во овие тешки времиња, каде што полека се губат традиционалните вредности, можеме, иако одвоени на растојание, да се дружиме, пееме, научиме по нешто и, најбитното, да се тргнеме од екраните кои полека, полека, не зедоа во нивниот свет, не само децата туку и нас возрасните.
Нашата порака е јасна љубовта и другарството треба да се негува а ние на нашиот час во Стобекс тоа го правиме бидејќи сме како едно големо семејство и без мене како аниматор и Даскал (како што ме викаат) и во обичен ден децата се тука растрчани на игралиште. Ако не се воведат нови мерки продолжуваме следната сабота со 5тиот час на Љубовта и Другарувањето. – рече Вик Какаротски.
OhridNews
Фото: А.Момироска