“Секогаш дајте им на луѓето повеќе од тоа што самите очекуваат”. Оваа девиза веќе две децении е заштитен знак на познатиот трговски бренд „Тренд“. Токму грижата за купувачите, квалитетот на производите кои ги нудат, како и брзата и љубезна услуга, ги издвојува продавниците „Тренд“ и детскиот центар „Дамбо“, како лидери во областа на трговијата.

Дваесетгодишниот јубилеј трговскиот бренд „Тренд“ го одбележа синоќа со пригодна свеченост во хотелот „Сити Палас“, на која присуствуваа вработените, деловни партнери и пријатели.

20 години продавниците „Тренд“ на добро познатите локации се навика на охриѓани. На улица „Питу Гули“ кај црквата Св. Ѓорѓија се лоцирани продавниците Тренд 1 – се за домаќинство, Тренд 2 – текстил и специјализираниот детски центар Дамбо, додека на ул. Абас Емин се наоѓа Тренд 3.  Таму ќе најдете квалитетен текстил, разновидна покуќнина и шаренило од гардероба и играчки за деца. Сето тоа секогаш по најниски цени надополнети со промоции и попусти.

Континуираната посветеност, грижа за купувачот и напредок, како и софистицираност во работењето од своите почетоци во 2000 година, па се до денес, се темелот врз кој е изграден трговскиот бренд „Тренд“, а така продолжуваме со работа и во наредниот период, велат од компанијата која одбележува 20-годишен јубилеј.

OhridNews