Кошаркарите на Охрид направија вистинско изненадување совладувајќи го фаворитот и четвртопласирана екипа на табелата, Еуро Никел, со 77:71 во натпреварот од 18 коло од Првата лига, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Охриѓани ја добија првата четвртина 14:12, гостите возратија во втората 25:27, додека последните две четвртини повторно му припаднаа на домаќинот 18:15 и 20:17.

Со оваа победа Охрид се израмни со Кожуф на табелата со по 22 бода во делба на 9 место. Зад Охрид се ФМП Академија (-1) и Вардар со по 21 бод.

Натпреварот Охрид – Еуро Никел имаше хуманитарен карактер, а собраните средства од продажбата на влезници ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов.

Во следното коло Охрид на 9 март дома го пречекува Работнички.

Г.М.
Фото: „Digital Box“