Извонредната конкуренција и одличните времски услови придонесоа за уривање на рекордите во машка и женска конкуренција на 36 Охридски пливачки маратон, кој по многу нешта влегува во историјата.

Испишана историја на 36. Охридски пливачки маратон. Фото: А. момироска

Италијанецот Алесио Очипинти во машка конкуренција и французинката Каролин Жуис стигнаа први во својата конкуренција постигнувајќи рекорди на 25 километри долгата патека од Св. Наум до Охрид. Очипинти патеката „Климе Савин“ ја преплива со нов рекорд кој сега изнесува 4 часа, 53 минути, 14 секунди, додека новиот рекорд на Жуис во женска конкуренција изнесува 5 часа, 5 минути и 59 секунди. Очипинти победи и на двата мини спринта кај Пештани и Св. Стефан. Величествено.

Втор кај мажите беше минатогодишниот победник, Матијас Дијаз од Аргентина, а трет Марко Инглима од Италија. Најдобар македонски маратонец беше Евгениј Поп Ацев кј заврши четврти. Пиедесталот во женска конкуренција го комплетираа Туна Ердоган од Турција и аргентиката Ерика Јенсен.

На целта маратонците ги пречекаа претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон оваа година изнесуваше 12000 евра.

Како помина 36 издание на Охридскиот пливачки маратон погледнете на фотографиите на што ги направи фотографт на Охридњуз, Анамарија Момироска.

Фото галерија:

Величествено издание на 36. Охридски пливачки маратон 

Охридскиот пливачки маратон оваа година беше дел од првото издание на Фестивалот на водени спортови кој завршува денеска.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска