Со раскошно украсени епитафи и традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, литијата со чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска празнично продефилира низ Струга.

Традиционално чудотворните икони беа носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски и манастирите во Рајчица и Пречиста, придружувани од голем број верници.

И годинава поворката ја водеше церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин го одбележа чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата дефилираше коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката држеше палмова гранка како симбол на мирот.

Дел од Еордијата беше свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј.

Моштите беа придружувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите се движеше сејменската гарда, чии членови, исто така, беа облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

На литијата и претходеше богослужбата во храмот Св. Ѓорѓиј  по што верниците ги исполнија улиците на Струга, кејот на реката Црн Дрим, и чаршијата.

Величенствена литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ низ улиците на Струга

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски