Охрид вечерва беше таличен за Вардар кој успеа да го одбрани трофејот во Купот Македонија со победа над Еурофарм Пелистер од 26-25, полувреме 16:12.
Вардар водеше во текот на целиот натпревар, но победникот се реши во драматичен финиш, во кој црвено црвите имаа повеќе нерви и среќа.
За МВП на турнирот беше прогласен Фереира, Дејан Манасков е најдобар стрелец, а Борко Ристовски беше прогласен за најдобар голман. Медалите и трофеите ги врачија градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов.
Претходно се одигра и финалето во женска конкуренција во кое Куманово во драматичен меч го совлада Вардар со 32:31.
Финалето од купот се одигра во извонреден амбиент, пред полни трибини во салата „Билјанини извори“ која, и овој пат, со градот Охрид и ГРК Охрид, се покажаа како одлични домаќини.
Охрид добар домаќин на Купот на Македонија
Г.М.
Фото: А. Момироска