Креативен хумор и длабока сатира донесе роденденското шоу на „2Мothers Brothers“ на извонредните охридските актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски во придружба на Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас со кое одбележаа десет години постоење на сцената.

Час и половина публиката на исполнетиот Долни Сарај уживаше во шоуто кое всушност беше модерна варијанта на антологиската македонска крвава свадба, овојпат сместена во актуелното време и контекст.

Наместо роденденски свеќи „славениците“ на крајот од шоуто запалија „бакљи“, а публиката им отпеа роденденска песна.

Со шоуто се спушти завесата на 6. „Summer comedy marathon“ кој оваа година понуди деветнаесет шоуа различни по форма и карактер во изведба на 18 учесници пред бројна публика, што ја етаблира оваа манифестација високо на културната сцена во Охрид. Настанот е поддржан од Општина Охрид а медиумски покровител е OhridNews.

Фото галерија:

Урнебесно роденденско шоу на „2Мothers Brothers“ на исполнетиот Долни Сарај

Г.М.

фото. А. Момироска