Спортската сала „Билјанини извори“ вечерва беше претсена да ги прими сите љубители на ракометот кои дојдоа да го проследат дерби натпреварот од 18 коло од Супер лигата помеѓу ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер.
Во извонреден спортски амбиент на кој посебен шмек му дадоа навивачките групи на двата тима, „Рибари“ и „Чкембари“, славеа гостите со 25:27. И покрај поразот охриѓани на крајот од мечот со аплаузи ги поздравија „гладијаторите“ кои вечерва го оставија срцето на теренот.
Атмосферата од натпреварот Охрид – Пелистер ја долови фотографот на Охридњуз Анамарија Момироска.
Фото галерија:
Ракометен празник во Охрид
Фото: А. Момироска