Бутикот „Емили“ кој низ годините постави високи стандарди во работењето следејќи ги светските модни трендови, деновиве реализира ексклузивна фотосесија со најновите модели за сезоната 2023, која е заштитен знак на познатиот охридски бренд.
Ангела Трајческа, Ана Новеска, Катерина Маневска и Христијан Колевски и претставија новите модели на свечени футани, костуми и венчаници, кои пристигнаа деновиве во бутици „Емили“. Фотосесијата ја реализира Ѓоко Наумоски од „Мега продукција“.
OhridNews ѕирна во ексклузивната фотосесија на бутикот „Емили“, од која наскоро ќе бидат објавени и оригинални фотографии.
Модните парчиња од најновата колекција за сезоната 2023, можат да се најдат на добро познатата локација на бутик „Емили“ во Охрид, во ТЦ „Амам“ на кат.
OhridNews