Екипата на Сатеска од Волино го освои 49 турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта откако вечерва во финалето ја совлада екипата на АСП ПАК со 2:1.

Сатеска поведе во првото полувреме со голот на Никола Секулоски. Израмни Никола Угриноски, а Никола Секулоски со вториот гол на мечот по индиректен удар и донесе победа на екипата на Сатеска.

Победникот на турнирот ќе инкасира 120 000 денари.

Најдобар стрелец на турнирот со 7 гола е Никола Секулоски од Сатеска кој воедно е прогласен за најдобар играч. Наградата за најдобар голман отиде кај Димче Карамачоски од Сатеска, додека за најдобар млад играч, награда што се доделува во чест на Јован Николоски, прогласен беше Јовче Китаноски од Кафе бар 9.

 

Во малото финале Кафе бар 9 ја совлада екипата на Инекс Олгица со 4:1.

Следната година традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта ќе се одржи по јубилеен 50 пат.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски/Анамарија Момироска