Чествувањата по повод Св. Климет Охридски – Патрон на градот продолжија и денеска со низа свечености.

Утрово во Светиклиментовиот храм на Плаошник се одржа света литургија на која меѓу бројните верници присуствуваше и делегација на Град Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, по што беше положено свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во истоименото основно училиште.

Централниот настан се одржа на Градскиот плоштад каде претставници на Општина Охрид, заедно со делегациите од збратимените и пријателски градови, како и делегациите од институциите во градот, политички партии, пратеници, здруженија и поединци положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на Св. Климент Охридски – заштитникот на Охрид.

Во рамки на чествувањата, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите на добитниците од ученичкиот литературен конкурс што го распиша Општина Охрид.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска