Во Струга викендов се одржа третото издание на спортскиот фестивал „Илинден“, што го организира спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.
На фестивалот, кој покрај забавен има и натпреварувачки карактер, учесниците се натпреваруваа во пливање, кајак, суп и такла.
Годинава првпат беше воведена и дисциплината такла, односно стил на скокање од височина во водите на реката Црн Дрим, што предизвика огромен интерес.
Во ревијалниот дел, се одржа ватерполо турнир, кој и годинава беше во соработка со Ватерполо репрезентацијата на Македонија.
Настанот привлече големо внимание кај стружани и гостите кои деновиве максимално ја исполнија ривиерата.
Фото: А. Момироска