Над дваесет и пет едриличари од клубовите „Акватика Јахринг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга учествуваат на критериската регата, прва во  календарот на Едриличарската федерација на Македонија оваа година, што се одржува викендов на Охридското Езеро.

Прва критериска регата оваа сезона на Охридското Езеро

Технички организатор на регатата е клубот „Акватика Јахтинг“.

Ова е трето издание на критериската регата, која од година во година расте како настан, но и ја буди свеста за заштита на Охридското Езеро. Планирани се седум трки и се надеваме дека временските прилики ќе ни дозволат да ги реализираме сите. – рече Стефан Ставрев, претседател на „Акватика јахтинг“.

Стефан Атаврев – „Акватика Јахтинг“

Регатата и оваа година се одржува под покровителство на Групацијата „Сава“, „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“, и повторно има еколошко мото – „Заедно за иднината на Езерото“.

„Сава“ групацијата е општо позната како групација којашто во својот профил на работење има за цел заштита на водите. Охридското Езеро е еден од најстарите басени со питка вода во Европа и во светот и сметам дека со овие активности и промоција на ваков еколошки спорт придонесуваме за заштита на водите. Да уживаме убаво, да се воодушевуваме на спортот и убавината на езерото и да бидеме задоволни што го имаме овој еко систем кај нас. – истакна на отворањето на регатата Петар Талески од „Сава“ групацијата.

Петар Талески – „Сава“ групација

Натпреварите се одржуваат во класите Оптимист и ИЛКА 4. Пласманот ќе биде комплетиран утре, а најдобрите ќе обезбедат учество на меѓународните натпревари кои претстојат.

Фото галерија:

Првата критериска едриличарска регата сезонава со еко порака за заштита на Охридското Езеро

Г. Момироски
Фото: Бобан Стојаноски/ Горан Момироски/ Димитар Цавкулоски