„Зелено белите“ се радуваа на крајот од натпреварот од Купот на Македонија кој го даде победникот во групата 4, кој ќе земе учество на завршниот турнир во борбата за националниот трофеј. Вечерва во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид – РК Еурофарм Пелистер 25:32 (16:18).
Охрид резултатски се држеше само во првото полувреме, додека вториот дел целосно му припадна на фаворитот. Лесјак беше фантастичен на голот што му овозможија на Пелистер лесни голови и осетно водство кое посојано растеше, а битолчани без проблеми го доведоа мечот до крај.
Цирар со 6 и Јукиќ со 6 гола беа најефикасни кај Охрид, додека Кузмановски кај Пелистер постигна 8.
Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ојлески 2, Андоновски, Мацуока, Јукиќ 5, Стоилевски, Дрогришки, Пелидија 2, Шипинкоски, Ристевски, Тасески 1, Шафранко 3, Крстевски 1, Орјоникидѕе 3, Бојаниќ 2, Цирар 6.
Статистика РК Пелистер: Лесјак, Манасков 4, Нејц 3, Ц. Кузманоски, Тајник 3, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 7, Кузмановски 8, Кхалифа, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Андреевич 2, Пешевски 3, Павле Атанасијевиќ, Руди Сери.
Средбата се одигра во убав амбиент што го создадоа навивачките групи „Рибари“ и „Чкембари“.
Екипите по репрезентативната пауза и натпреварите од купот сега се вртат кон обврските во првенството кое продолжува наредниот викенд кој носи уште една дерби пресметка. Во Охрид гостува Вардар, повод повеќе ракометниот храм „Билјанини извори“ повторно да биде исполнет.
Г.М.
Фото: А. Момироска