Охрид е полн со гости, во најголем дел од соседството и земјава. Раздвижено е по кејот и шеталиштата, а во угостителските објекти се бара место повеќе.
Дел од посетителите затекнавме на прошетка со пловен објект по Охридското Езеро, други пак си правеа фотографии за спомен.
Првомајските и Велигденските празници по традиција се најава за главната туристичка сезона. Ако по утрото денот се познава, не очекува добро туристичко лето.
Охрид пулсира во ритамот на празникот
Г. Момироски