Ракометарите на Охрид го совладаа фаворизираниот Тиквеш во директниот дуел за 4-то место на табелата во плеј-офот од Супер лигата.

Со поддршка на „Рибари“ кои на нозе ја кренаа публиката во “Билјанини извори“, Охрид во второто полувреме го сврте мечот со фаворизираниот противник и стигна до вредна победа 22:21, полувреме 12:13.

Со оваа победа Охрид со 12 бода го прескокна Тиквеш (11) на плеј-оф табелата пред финалната разврска во последните четири кола до крајот на првенството.

Атмосферата од мечот на сезоната во салата „Билјанини извори“ ја пренесува нашиот фотограф Анамарија Момироска:

Охрид го сруши Тиквеш во гротлото на „Билјанини извори“

Г.М.
Фото: А. Момироска