Охрид живее со спортската манифестација „Охрид трчат“ која оваа година се одржува по 8 пат.
Традиционално Атлетскиот викенд започна со ноќна трка на градскиот кеј, на која учество зедоа бројни рекреативци кои добро се загреаја за главниот настан, трките на 21 и 5 километри што ќе се одржат во недела.
Рекреативците по ноќната трка уживаа во забавата со култниот охридски бенд „Камелеон“ кој ја разубави прекрасната мајска вечер на градскиот кеј.
Во сабота продолжува експото на „Охрид трчаТ“, а главниот настан е во недела утрото кога 2200 натпреварувачи од 31 држава ќе се втурнат во нова тркачка авантура низ улиците на древниот град.
Ноќна трка и забава со „Камелеон“, Охрид пулсира во ритамот на „Охрид трчаТ“
Г. Момироски
Фото: А. Момироска / Бобан Стојаноски