Во организација на „USCCO“ (Урбан Стрит Кар Клуб Охрид), со поддршка од Општина Охрид, вечерва во Касарна Охрид, се одржа ноќен собир на автомобили (Night Car Show #2). На шоуто учествуваа голем број спортски модифицирани автомобили, уникатни автомобили, како и олдтајмери.
Настанот го збогатија големиот број посетители кои им се воодушевуваа на одлично средените автомобили, а имаа можност и да ги следат бројните забавни игри подготвени од страна на организаторите.
Во вечерашното шоу учестуваа околу 200 автомобили.
Фото галерија:
OhridNews
Фото: А.Момироска