ГРК Охрид вечерва го совлада турски Бешикташ 35:32 и обезбеди меч за 3 место на Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски”.

Противник на “Гладијаторите” ќе им биде екипата на Татран Прешов. Средбата се игра во сабота во 18 часот.

Најефикасен во редовите на Охрид беше хрватскиот интернационалец Сафранко со седум гола кој беше прогласен и за најкорисен играч на мечот, а по еден помалку постигнаa Ојлески и Шешиќ.

Статистика ГРК Охрид: Бркиќ, Ѓорѓиевски, Ојлески 6, К. Андоновски, Стоилевски 2, Дрогришки, Шипинкоски, Д. Андоновски, Тасески 2, Сафранко 7, Кукоски, Крстевски 1, Шешиќ 6, Орјоникидѕе 5, Каракоч, Бојаниќ 4, Цирар 2.

Турнирот завршува во сабота со натпреварите за пласман во кои се среќаваат:

11:00ч. Голден Арт – Бутел ( за 7 место)
13:15ч. Металопластика – Бешикташ (за 5 место)
18:00ч. Охрид – Татран Прешов (за 3 место)
20:15ч. Еурофарм Пелистер – Олимпијакос (за 1 место)

Г.М.‍