Градскиот плоштад денес беше исполнет со насмеани детски лица кои уживаа во игра, едукација и дружење на традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“ што се одржа во организација на Црвениот крст Охрид и Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“

Акцијата започна со трка од пред хотелот „Палас“ до Центарот за култура, а продолжи со спортски активности и забавни содржини кои се одржуваа на и околу градскиот плоштад.

На манифестацијата учество зедоа младите охриѓани кои претходно купија учеснички броеви кои чинеа симболични 50 денари. Собраните средства од учесничките броеви ќе бидат наменети за децата од социјално загрозените семејства во општини Охрид и Дебрца

Традиционален партнер на акцијата „За посреќно детство“ Стоматолошки Центар Д-р Баткоски и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните.

Учесничките броеви по денешниот настан треба да се чуваат затоа што следува и извлекувањето на 20 вредни награди, меѓу кои и патување во Ужице, Суботица, викенд во Крушево и уште многу други. Терминот на извлекување на наградите во живо на youtube каналот на Црвен крст Охрид ќе биде дополнително објавен.

Фото галерија:

Акцијата „За посреќно детство“ го наполни градскиот плоштад

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска