Победата во Кавадарци против Пелистер им даде крилја на охридските кошаркари кои во жесток ритам се подготвуваат за мечот со Струмица во втората рунда од плејаутот во Првата лига.


Борбата за опстанок е доволна мотивација за охридските кошаркари, а двата порази кои ги претрпеа од струмичани во регуларниот дел од Првата лига се мотив повеќе за победа.

Кошаркарите на АВ Охрид вториот меч од плејаутот во елитата ќе го одиграат в сабота со почеток во 17 часот.

OhridNews