Есенскиот шампион во Втората кошаркарска лига, АВ Охрид во спортската арена „Билјанини Извори“ ги започнаа подготовките за продолжението од шампионат.
„Галебите“ првата полусезона ја завршија со стопроцентен скор победувајќи на сите девет натпревари, а истото темпо го наметнаа и на стартот од подготовките.
– Почнавме со истите кошаркари со кои и го завршивме шампионатот. Оставаме простор за некое засилување, но тоа ќе го решаваме во од. Имаме одлична предност пред стартот на втората полусезона. Само со добра игра и победи можеме да ја задржиме и да ја оствариме првичната цел од почетокот на сезоната пласман во елитата. – рече спортскиот директор Марјан Бошалески.
Кошаркарите целите подготовките ќе ги одработат во Охрид, а ќе одиграат неколку контролни натпревари со противници од Првата и Втората лига. Втората полусезона во второлигашкото друштво започнува на 6 февруари, а охриѓани гостуваат кај битолски Пелистер.
Мх.П.