Кошаркарскиот клуб АВ Охрид се засили на центарската позиција пред мечот со Струмица во четвртата рунда од Првата лига, доведувајќи го Дмитри Некрасов во своите редови.
Рускиот кошаркар, висок (213 см) ќе биде од голема помош за охридската екипа во рекетот. 30-годишниот кошаркар одработи неколку тренинзи со соиграчите и ќе биде во ростерот за натпреварот со Струмица кој ќе се одигра в сабота со почеток во 18 и 30 часот.
– Атмосферата е добра во екипата и момците многу добро ме прифатија. Со нетрпение го чекам натпреварот со Струмица на кој ќе дебитирам и сакам да и помогнам што повеќе на екипата. – рече за Ohrid News, Некрасов.
Некрасов, колеџ има завршено во Америка 2007 година, а во 2008 се појавил на НБА драфтот. Во Охрид доаѓа од тимот на Буревестник кој се натпреварува во руската лига.
Рускиот интернационалец е четврто ново име во охридскиот состав после Милојко Василиќ, Лука Милојевиќ и Саша Ѓоргевиќ кои дојдоа пред почетокот на сезоната.
Мх.П.