Кошаркарскиот клуб АВ Охрид пред утрешниот меч со Работнички ги засили своите редови доведувајќи го Милјан Дрекаловиќ. Тој на екипата и се приклучи на вечерашниот тренинг после комплетирањето на документацијата и поминувањето на лекарските прегледи.
Дрекаловиќ и тренерот Чочороски.
28-годишниот кошаркар во охридските редови се пресели од романскиот клуб Атлетик Констанца. Тој треба да биде замена за Кевин Хил кој замина од јатото на „галебите“. 202-сантиметри високиот Дрекаловиќ во шесте одиграни мечеви сезонава во романскиот шампионат имаше просек 9.5 поени и 4 скокови.
Деби во дресот на охридскиот клуб Дрекаловиќ ќе има во Скопје против актуелниот шампион во Првата лига, Работнички. Натпреварот ќе започне во 18 часот, а љубители на кошарката ќе имаат можност да го гледаат во живо на јутјуб каналот од OhridNews.
Мх.П.