Кошаркарите на АВ Охрид забележаа победа над битолски Пелистер 76-54 (19-12, 25-16,  21-18, 11-18) во контролниот натпревар кој двете екипи го одиграа во СРЦ „Билјанини Извори“.

Новиот концепт со млади кошаркари на охридскиот клуб имаше успешен почеток. „Галебите“ доминираа од почетокот до крајот не оставајќи му ниту трошка надеж на гостите за поволен резултат.

Првиот квартал охридските кошаркари го добија со 19-12, а вториот со 25-16 за убедлива предноста (44-28) после дваесет минути игра.

Во третиот квартал охриѓани ја зголемија разлика за дополнителни три поени (21-18), додека во последната четвртина „пелистерци“ се разиграа и ја намалија негативата за конечни (76-54).

Избраниците на Петар Чочороски во вторник и среда ќе одиграат контролни средби со српските екипи Константинг од Ниш и Здравје од Лесковац.

OhridNews