Кошаркарите на АВ Охрид в сабота во 18 часот против составот на Фени Индустри ќе ја започна пролетната полусезона во Првата кошаркарска лига.


„Галебите“, мотивирани и подготвени за борба ќе го пречекаат тимот од Кавадарци кој убедливо славеше на првиот меч во есенската полусезона.


– Нашиот прв противник во пролетната полусезона Фени Индустри игра најдобра кошарка во лигата. Сепак, ние играме на домашен терен и имаме голема обврска пред нашите поддржувачи да се бориме и да не се предаваме. – рече тренерот на АВ Охрид, Петар Чочороски.



Во зимскиот преоден рок АВ Охрид не се засили, а спогодбено го раскина договорот со Дарко Димковски.


На влезот во салата „Билјанини Извори“ ќе бидат поставени пунктови во кои ќе може да се донираат финански средства за помош на Трајан Целески-Тачо кој ќе се лекува Италија.

Мх.П.