Публиката во Гостивар, домашните кошаркари и Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со минута молк пред почетокот на натпреварот од 10-та рунда во Првата лига му одадоа почит на Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски кој ненадејно почина на 48-годишна возраст.

„Галебите“, победата во трилер мечот во Гостивар му ја посветија на охридскиот градоначалник кој не пропушташе меч од охридската екипа. – Да беше помеѓу нас, сигурни сме дека ќе ве израдувавме, но животот е суров. Победа во ваша чест. Почивајте во мир ! – стои во посветата на официјалниот профил на социјалните мрежи на охридскиот клуб.

Стојаноски беше голем љубител на спортот, а уште поголем поддржувач на охридските екипи и спортисти откако дојде на функцијата градоначалник. Под негова палка Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос се реорганизираше, а Ракометниот клуб Охрид заплива во мирни води после бурна сезона. Кошаркарскиот клуб АВ Охрид последен пат со најголемиот навивач ќе се поздрави следниот викенд на дуелот со Пелистер во СРЦ „Билјанини Извори“.

Градоначалникот на Охрид ќе биде погребан во понеделник на градските гробишта.

OhridNews

Прва лига: Охриѓани го „треснаа“ Гостивар ! (видео)