Кошаркарите на АВ Охрид во релаксирана атмосфера се подготвуваат за мечот со Вардар од 15-та рунда во Втората лига кој може да биде со историски карактер.
Избраниците на Петар Чочороски со триумф над Вардар во Скопје во дербито на колото и теоретски ќе ја обезбедат титулата во Втората лига која гарантира влез во елитата.
„Галебите“ имаат стропроцентен скор од 14 победи во исто толку мечеви што ги прави големи фаворити пред почетокот на натпреварот.
Датумот, терминот и официјалните лица за дербито во Кале дополнително ќе бидат одредени.
Мх.П.