Во редуциран состав и со нов член во стручниот штаб во спортската сала при Основното училиште „Григор Прличев“ кошаркарите на АВ Охрид ги започнаа подготовките за втората полусезона во Првата лига.

Нов член во улога на советник во стручниот штаб ќе биде искусниот српски стручњак Борислав Ѓаковиќ, а дел од играчите на екипите ќе и се приклучат до крајот на работната недела. „Галебите“ ќе тренираат одреден период во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“, бидејќи во СРЦ „Билјанини Извори“ се поставуваат нови кошеви.

  • Доаѓањето на Ѓаковиќ ќе ни биде од голема помош не само за оваа полусезона, туку и за понатаму затоа што од него можеме многу да научиме. Младите играчи имаат можност да учат и слушаат совети од искусен и квалитетен стручњак. Во од ќе се комплетира екипата и како што ќе доаѓаат играчите така ќе го подигнуваме нивото на тренинзите. – изјави тренерот Петар Чочороски.

„Галебите“ немаат премногу време за подготовки, бидејќи втората полусезона во македонската кошаркарска елита започнува следниот викенд. Охридските кошаркари првата етапа во Првата лига ја завршија на осмата позиција со три победи и осум порази.

OhridNews

КК АВ Охрид со добротворна донација за Дневниот центар „Зраци“