Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги започна подготовките за новата сезона во Првата машка кошарска лига. „Галебите“ претпладне тренираат на атлетската патека на СРЦ „Билјанини Извори“, додека попладне во салата која ги пречека во ново руво.

Охридскиот кошаркарски клуб сезонава сврти нов лист, откако ростерот го формираше со млади и перспективни играчи од нашата земја со минимални интернационални засилувања. Стратегот на охриѓани Петар Чочороски очекува добра сезона исполнета со многу борба за секоја победа.

„Галебите“ на средината од овој месец ќе отпатуваат на подготовки во црногорскиот град Тиват каде ќе одиграат неколку контролни натпревари.

OhridNews