Фудбалскиот стадион “Кукуш“ на кој настапува екипата на Хоризонт Турново се претвори во базен по обилните врнежи на дожд. Стадионот, подтрибинскиот простор, соблекувалните и просториите од клубот се целосно под вода. Колкава ќе е штетата на стадионот, на кој се играат и меѓународни натпревари ќе се дознае по повлекување на водата.

Хоризонт Турново во првото коло од втората полусезоната од Првата македонска фудбалска лига игра на гостински терен против Работнички. За една седмица ако се приспособи стадионот “Кукуш“ ќе се сретне со Силекс.

Мх.П.