Големата фонтана ќе го разубавува споменикот „Воин на коњ“, кој комплетно треба да биде завршен до 8-ми Септември, кога на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи централната прослава по повод 20-годишнината од независноста на Република Македонија.
До овој датум треба да биде готов и музејот на Македонската револуционерна борба покрај Вардар. За таа цел деновиве се интензивирани градежните работи во центарот на Скопје и покрај пеколните горештини.
Споменикот на воинот и Музејот, како и триумфалната капија која исто така треба да биде готова до 8-ми Септември се дел од проектот „Скопје 2014“ за кој во јавноста има поделени мислења.
фото: Петар Манев