Фудбалерите на Манчестер Сити ја освоија титулата во англиската Премиер лига завршувајќи пред Ливерпул, кој заостана само еден бод во фото финишот од сезоната.

„Граѓаните“ иако имаа негатива на гостувањето кај Брајтон не дозволија замрстување на сметките за титулата и победија со 4-1. Мареј погоди за домаќините, а за гостите прецизни беа Агуеро, Лапорт,  Марез и Гундоган. Ливерпул си ја исполна задачата и го совлада Вулверхемптон на домашен терен со 2-0, но немаше помош од Брајтон.

Манчестер Сити го одбрани тронот на кој се искачи и минатата сезона и стигна до шестата титулата во клупската историја, додека постот без трофеј на Ливерпул продолжува.

Пласман во ЛШ обезбедија шампионот, Ливерпул, Тотенхем и Челси. Арсенал имаа загарантирано место во Лигата на Европа, но ако го освојат трофејот во годинешното финале ќе играат во ЛШ, а во ЛЕ ќе се натпреварува Манчестер Јунајтед. Со елитното друштво во англискиот фудбал се збогуваа Хадерсфилд, Фулам и Кардиф.

Резултати: Брајтон – Мен Сити 1-4, Барнли – Арсенал 1-2, Кристал Палас – Бурнмаут 5-3, Фулам – Њукалс 0-4, Лестер – Челси 0-0, Ливерпул – Вулверхемптон 2-0, Мен Ју – Кардиф 0-2, Саутемптон – Хадерсфилд 1-1, Тотенхем – Евертон 2-2, Ватфорд – Вест Хем 1-4.

OhridNews