По победата на Челзи над Манчестер Јунајтед (2-1), “сините“ го зазедоа првото место во Премиер Лигата. Ѓаволите  заостануваат два бодови за лидерот додека топџиите од сенка ги пратат своите ривали.

Избраниците на Карло Анчелоти имаат навидум “лесен“ распоред во останатите пет кола од Премиер Лигата. Гостуваат кај претендетите за 4-та позизција Ливерпул и Тотенхем додека на Стемфорд Бриџ ги пречекуваат Болтон, Стоук и Виган.

34 коло Челзи – Болтон
35 коло Тотенхем – Челзи
36 коло Челзи – Стоук
37 коло Ливерпул – Челзи
38 коло Челзи – Виган


Манчестер Јунајтед после поразот во дербито ќе се опоравува на Ивуд Парк против Блекбурн. Во 35-то коло ѓаволите имаат “пеколно“ гостување кај градскиот ривал Мен Сити, на Олд Трафорд доаѓаат Тотенхем и Стоук а Јунајтед патува во Сандерленд.

34 коло Блекбурн – Мен Ју
35 коло Мен Сити – Мен Ју
36 коло Мен Ју – Тотенхем
37 коло Сандерленд – Мен Ју
38 коло Мен Ју – Стоук

Трето пласираниот Арсенал на гостински терен ќе играат со Тотенхем, Виган и Блекбурн а на Емирати ќе се сретнат со Мен Сити и во последното коло од Премиер Лигата против Фулам.

34 коло Тотенхем – Арсенал
35 коло Виган – Арсенал
36 коло Арсенал – Мен Сити
37 коло Арсенал – Фулам
38 коло Блекбурн – Арсенал
 

ohridnews