Македонскиот претставник во регионалното музичко шоу, X-Factor, Даниел Кајмакоски, обезбеди пласман во следниот елиминационен круг.

Во петиот лајф посветен на денс музиката, Даниел на извонреден начин го изведе хитот на Авичи Wake me up.

Жири комисијата не штедеше комплименти за настапот на Даниел. Кристина Ковач истакна дека овој правец одлично му лежи, а Кики кажа дека изведбата на Даниел му се допаѓа повеќе од оригиналот.

Од шоуто испадна групата 4U, по двобојот со Харис Ќато, на кого жирито му замери за покажаните емоции, кога младиот талентиран пеач не издржа на крај и заплака на сцената.

Специјален гостин на шоуто беше евровизиската победничка од 2012 година Loreen од Шведска, која имаше исклучителен настап, исполнет со специјални сценски ефекти.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

OhridNews